Лидерот на табелата во ракометната Суперлига, Металург иако се помачи ја продолжи победничката низа славејќи со 24-29 на гостувањето против Струга.
„Металурзите“ имаа негатива по првото полувреме (15-14), но отворено го демонстрираа својот квалитет во вториот дел па сосема заслужено стигнаа на крајот до нова победа во шампионатот.
Во победата на гостите по пет гола дадоа Милан Поповиќ и Марио Танкоски, додека четири запиша Мартин Серафимов. Во домашниот тим се истакна новакот Самид Мекиќ со осум гола.
Во следното коло Металург ќе игра со Еурофарм Пелистер 2, додека Струга гостува на Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА