Металург во второто полувреме го скрши отпорот на Пелистер 2

Ракометарите на Металург стигнаа до првата победа во Суперлигата откако на домашен терен го победија вториот тим на Пелистер со 25-21. Битолчани одлично му парираа на фаворитот во првиот дел од натпреварот кој заврши нерешено 11-11. Вториот дел продолжи во израмнет ритам се до резултат 16-16. Во продолжение „металурзите“ со серија од 5-1 успеаја да стигнат до највисоките плус четири 21-17, предност која ја задржија до самиот крај за конечен триумф.

Мартин Серафимов со 7 гола беше прво име во победничкиот табор, додека Марко Тарабокија запиша 5. Кај битолчани Јован Талевски постигна 9 гола, додека Дарио Петровски мечот го заврши со 5 гола. Во второто коло во понеделник Металург му гостува на Прилеп, додека Пелистер 2 ќе игра со Работнички.

Се вчитува...