„Металургот“ Јагањац, стрелец на најубавиот гол во СЕХА

Халил Јагањац е стрелец на најубавиот гол во минатото коло од СЕХА-лигата, избраа ракометните фанови од регионот. Левиот бек на Металург беше во конкуренција со еден од погодоците постигнати на дуелот со Војводина, по што собра најмногу гласови во изборот во кој конкурент беше и еден ракометар на Вардар, Јања Војводиќ.

Се вчитува...