Левото крило на Металург, Милан Поповиќ, се најде на топ-листата од петте најубави погодоци во првото коло од Лигата на Европа. Поповиќ одигра одличен меч и со девет погодоци беше прв стрелец на „металурзите“, а во изборот влезе со беспрекорниот пенал пред крајот на првото полувреме, кога со лоб ја смести топката во мрежата на Тулуз.
Металург претрпе пораз на гостувањето во Франција, но со играта што ја прикажаа избраниците на Зоран Кастрастовиќ имаат за право да се надеваат на успех на некој од наредните натпревари од ЛЕ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА