Американската тенисерка Слоун Стивенс, конечно го дочека моментот да излезе од сенката на доминантната во светскиот тенис, многу поискусната сонародничка Серена Вилијамс. 25-годишната убавица од Корал Спрингс направи вистински подвиг во изминативе 12 месеци креирајќи убава тениска приказна која ја крева во посакуваните височини на „белиот спорт“.
Слоун Стивенс го разби монополот што го држеа сестрите Вилијамс речиси две децении, особено од аспект на амерканските тенисерки и земјениот гранслем во Париз. Таа е првата по Џенифер Капријати во 2001 година, што не е од семејството Вилијамс, а дошла до финале на Ролан Гарос.
Покрај ова, личната приказна на Стивенс е уште посилна. Таа минатото лето, поради повреда и 11 месеци отсуство падна дури на 957. место на ВТА – листата. Но, откако се врати направи неверојатен прогрес. Во јануари ја освои првата гранслем титула во кариерата тримфирајќи во финалето на УС Опен над сонародничката Медисон Кис. Со тоа стана само петтата тенисерка во Опен ерата што како нерангирана триумфирала на гранслем турнир.
Слоун Стивенс, го почна Ролан Гарос како десетта на ВТА листата, но пласманот во финалето и го носи највисокиот ранкинг во кариерата. На најновата листа ќе биде во топ 5 тенисерките во светот, и припаѓа четвртото место. Листата се разбира ја предводи Сиомона Халеп кој триумфирајќи над Стивенс го освои првиот гранслем трофеј во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА