Метју Божиновски од Мелбурн Виктори ќе игра за Македонија, доаѓа во Скопје на јунскиот собир

Младата репрезентација на Македонија на престојниот јунски собир кој е дел од финалните подготовки за септемврискиот старт на квалификациите за ЕП на располагање ќе го има и стоперот на австралискиот премиерлигаш Мелбурн Виктори, Метју Божиновски.

20-годишниот Божиновски, висок 195 сантиметри, кој е дел од првиот тим на Мелбурн Виктори, веќе дал согласност во иднина да настапува во македонскиот дрес. На располагање на селекторот Благоја Милевски ќе биде на 26. мај на репрезентативниот собир во Скопје, а првиот натпревар за националниот тим на Македонија ќе го има на 3. јуни на тест-дуелот против Словенија во Терме Чатеж.

„Добивме потврден одговор од Божиновски на повикот во иднина да настапува за Македонија. Ќе се приклучи на престојниот репрезентативен собир, и ќе биде на располагање во квалификациите за ЕП“ – вели селекторот Милевски.

Претходно, како што е познато, дефинитивна согласно за настап во македонскиот дрес даде и членот на Мелбурн Сити, Стефан Чолаковски. Но, Чолаковски нема да може да биде на јунскиот собир со националниот тим поради настапот, во тој период, со својот тим на завршните натпревари во битката за титула во Австралија, како и Азиската Лига на шампиони.

 

Се вчитува...