Кошаркарките на Баскет Кам ја освоија втората шампионска титула во својата историја откако славеа со 3-0 во финалната серија против Бадел 1862, потврдувајќи ја својата доминација. Во денешниот трет натпревар составот од Македонска Каменица успеа да направи целосен пресврт и да слави со 59-68.
Баделки беа подобриот противник во првото полувреме по кое имаа предност од 33-26, но гостите на крилја на одбраната која дозволи само шест поени во третата четвртина успеаја да се вратат во мечот, а притоа ја имаа и фантастичната Елена Тасевска која запиша пет тројки во натпреварот стигнаа до целосен пресврт и трета победа во низа.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА