Ракометарките на Вардар на денешниот натпревар против Мец ќе се обидат да ја продолжат серијата добри игри и резултати во Лигата на шампионите. Во ситуација кога минатиот викенд беше забележана првата победа во Подгорица над Будуќност, јасно е зошто оптимизмот во таборот на македонскиот првак го достигна врвот, но тренерот Давид Дејвис предупреди дека не смее да дојде до осцилации, а на домашен терен секогаш мора да се биде двојно посконцентриран.
„Како и секогаш во лигата на шампионите имаме тежок натпревар против Мец. Тие имаа многу добра прва фаза против Будуќност, на домашен терен ја победија, а на гости изгубија само со два разлика. Мислам дека е многу добра екипа и има многу добра одбрана, многу добри играчи, од кои три французинки се дел од репрезентацијата, а имаат и една квалитетна ракометарка од Словенија. Имаат многу добра екипа, опасна и кога играат на гости. Ние мора да продолжиме со работа, и кога играме дома мора да играме двојно сконцентрирани и двојно посериозно“ – истакна тренерот Дејвис, додавајќи дека ќе продолжи да ги ротира сите ракометарки во тимот, бидејќи според него тоа е најдобриот начин за да се одржи високото темпо на игра на кое инсистира.
Вардар со триумф над Мец би направил уште еден чекор напред кон обезбедување на првото место на табелата, додека Мец го очекува тешка битка за четвртата позиција со тимот на Турингер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА