Во драматичен бараж натпревар, фудбалерите на Сент Етјен се вратија во прволигашкото друштво на Франција, откако одиграа 2-2 против Мец во реваншот. Така со вкупни 3-4 се пласираат во „елитата“, додека Мец испадна од првенството.
После првиот меч одигран на теренот на Сент Етјен, домашниот тим славеше со 2-1. Лошо почна и реваншот за Мец, откако Диало доби црвен картон уште во 6. минута од средбата. Меѓутоа домаќините стигнаа до предност од 2-0 со головите на Камара и Микаутадзе. Петро намали на 2-1 пред крајот на полувремето.
Во вториот дел немаше голови, па се замина во продолженија. Таму Мец не издржа да дојде до пенали, затоа што Вадџи во 117 минута му донесе израмнување на Сент Етјен, што значеше пласман во Лига 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА