Работнички денеска му гостува на Шкупи и очекува да ја прекине лошата серија порази. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга, што значи дека двете екипи всушност ќе играат на неутрален терен.
Искусниот дефанзивец Јасмин Мециновиќ најавува дека Работнички ќе атакува на трите бода.
„Во изминатите осум кола освоивме премалку бодови. На одредени мечеви можеби и играта беше подобра од крајниот ефект. Затоа, нашата цел е да ги освоиме трите бода од денешниот меч. Го респектираме Шкупи, знаеме дека и тие се во незавидна позиција на табелата, но ние сме мотивирани да тргнеме офанзивно и да оствариме триумф“, вели Јасмин Мециновиќ.
Работнички досега оствари само една победа, против Пелистер на домашен терен, а на гости освои еден бод, на отворањето на сезоната против Тиквеш во Кавадарци. Шкупи, од друга страна, досега бележи само порази на првенствените натпревари.
ПМФЛ 9. КОЛО:
ВЧЕРА:
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
ДЕНЕСКА:
(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ
(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА:
(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ
(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ
ПОНЕДЕЛНИК:
(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

