Мециновиќ, Шаркоски, Пинтер… не се повеќе дел од Вардар, Гачевски може да си замине без обесштетување

Фудбалскиот клуб Вардар почна со средување на сопствените редови, па така објави петмина имиња кои заминуваат од клубот. Дел од Вардар во следната сезона нема да бидат Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер.

Дополнително, ФК Вардар објави дека во тек се преговори за продолжување на соработката со голманот Методија Велковски и со стоперот Ненад Мишковски. Исто така објави дека Филип Гачевски ќе биде на трансфер листа, и секој кој сака да го добие, Вардар нема да бара обесштетување. Гачевски кој е дел од Вардар од 2015, со исклучок на две години, заминува од тимот.

Вардар потпиша 4-годишен професионален договор со 20-годишниот голман на Тетекс, Илир Зибери кој ќе биде конкуренција на Давор Талески за голамнската позиција.

Се вчитува...