Ерменскиот фудбалер Хенрих Мхитарјан во јануари може да го промени клубот. И тоа бесплатно со оглед дека меѓу играчот и Рома постои договор според кој Ерменецот може да го напушти тимот без отштета.
Во последниот период имаше интерес од Зенит и од Краснодар, но Мхитарјан рекол „благодарам“ на понудите, и истите ги одбил. Соопштил дека поради семејството претпочита да биде во Европа, а Русија не ја сака поради честите и долги патувања на играчите во првенството, и неможноста да се биде повеќе време со семејството.
Исто така имаше шпекулации за враќање во Борусија Дортмунд, на што одговори дека еден ден ќе се врати во Дортмунд, било тоа да биде како фудбалер или како навивач.
Оваа сезона Мхитарјан одигра 16 натпревари, постигна 2 гола и 4 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА