Мхитарјан се прости од репрезентацијата на Ерменија

Капитенот на ерменскиот национален тим Хенрик Мхитарјан се прости од играњето во репрезентацијата. Тој ова го потврди вчера.

„Се сеќавам првиот пат кога го облеков дресот на репрезентацијата. Тоа беше на пријателскиот меч со Панама, и мојот прв гол за националниот тим на квалификацискиот меч со Естонија. Сакав секогаш да победувам, без разлика на противникот и колку тоа беше тешко. Беше чест да играм за мојата земја во последните 15 години, и да бидам капитен во последните шест години. После 95 настапи, напорна работа, и падови и подеми, донесов одлука да се простам од националниот тим на Ерменија“, рече Мхитарјан.

Тој дополни дека одлуката ја донел уште после натпреварот со Германија во ноември.

„Мислам дека е вистинско време. Секогаш давав максимум кога играв за националниот тим“, рече Мхитарјан.

Се вчитува...