Легендарниот капитен на Парма, Алесандро Лукарели откри интересен детал додека Антонио Касано бил дел од Парма. Тој кажа дека за малку ќе се случел потежок инцидент откако тргнал да му удри бокс на својот соиграч.
За среќа, интервенирале соиграчите и спречиле потежок инцидент.
„Случајнот со Антонио Касано е уникатен. Не е во ред што си одлучи да си замине. Направи грешка затоа што го прекрши договорот кој беше постигнат во соблекувалната. Тој предложи да почека пред да го интервенира клубот, а потоа во медиумите кажа се што сакаше. Отиде и да разговара со навивачите. Тогашниот наш соиграч Миранте му кажа: „Можеш да прекинеш да бидеш груб“. Бев казнет, но заминав во соблекувалната и сакав да го удрам. За среќа, Лука Бучи ме спречи и не раздели. Ги расчистивме односите потоа, но тој реши да си замине“, открива Лукарели за „Газета“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

