Манчестер Јунајтед на драматичен начин избори пласман во финалето на ФА Купот откако против второлигашот Ковентри славеше по изведување на пенали и покрај тоа што имаше предност од 3-0 се до 71. минута од средбата.
Возбудливиот натпревар на „Вембли“ го прокоментира и поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин кој по којзнае кој пат оваа сезона го критикуваше својот поранешен клуб.
„Некои играчи и навивачи на Јунајтед на крајот не славеа. Им беше срам што победија. Секогаш кога го гледам овој тим на Јунајтед, не ми се допаѓа тоа што го гледам. Тие зборуваат за лидерство и карактер, а јас не го гледам тоа во тимот на Јунајтед. Боже, колку среќа имаа.
Секоја недела приказната е иста кога се работи за Манчестер Јунајтед. Никогаш не знаеш што ќе добиеш од нив. Се вели дека некогаш е потребно да имате среќа. Мегваер рече дека покажале добар карактер. Не гледам никаков карактер во ова група играчи. Го гледам голманот, како „краде“ од времето. Човеку продолжи со играта, покажи малку храброст. Не можам да ги поднесам. Гледам на теренот група играчи со лоши навики, се уплашија да победат. Во продолженијата Ковентри изгледаше како тим од Премиер лигата, а Јунајтед како тим од Чемпионшип“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА