„Ми треба време“ – се огласи Дончиќ после новиот пораз на Лејкерс

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ малку тешко се прилагодува во Лос Анџелес Лејкерс со кој синоќа беше поразен од Шарлот. Лука одигра, по негови стандарди, многу лош натпревар – погоди само една тројка од девет обиди.

Севкупно, тој го заврши натпреварот со 14 поени, 11 скока, осум асистенции и шест загубени топки. Тој ја имаше третата најголема минутажа во тимот, по Џејмс и Хачимура. На теренот мина 33 минути.

 „Очигледно ми треба уште малку време и мене и тимот да се навикнеме еден на друг. Во ова време ме зафати многу рѓа. Мечот го почнав со 4-5 загубени топки, што е недозволиво. Треба да почнам да играм кошарка на вистински начин“, беше самокритичен Лука по поразот од Хорнетс.

Се вчитува...