Младата Миа Крстевска од ПВК Орион постави нов апсолутен пливачки рекорд на Македонија во дисциплината 1.500 метри слободно, на Зимското државно првенство кое во организација на Пливачката федерација која ја предводи Александар Маленко се одржа викендов во Куманово.
Крстевска исплива со време од 17:45.25 минути, подобрувајќи го стариот рекорд на Симона Маринова кој беше со време од 17:56.51 поставен во 2010 година.
Победници по категории на Државно првенство во пливање – Куманово:
Помлади пионери и пионерки:
Стојановска Калина
Јовановски Јаков
Постари пионери и пионерки
Петровска Ева
Стојановски Андреј
Кадети и кадетки
Ана Марија Пекчиновска
Антониј Симоновски
Младинки и младинци и апсолутна категорија:
Миа Крстевска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА