Кошаркарите на Хјустон славеа против Јута и поведа со 3-1 во полуфиналето на Западната конференција од НБА плеј-офот. Но, рукито на Јута џез, Донован Мичел е незадоволен од начинот на кој судиите постојано го штитат Џејмс Харден.
„Ако тој мора по секоја цена да биде МВП, па и на овој начин, тогаш нему нека му служи на чест“ – истакна луто Мичел за медиумите пред влегувањето во соблекувалната по синоќешниот пораз.
Харден имаше лош шут, постигнувајќи сепак на крајот 24 поени. Една од сомнителните ситуации, која наиде на револт во таборот на Јута, е моментот и кога Харден доби прекршок во своја корист а притоа тој се проби против Данте Ексум со прекршок во напад…
Dante Exum was called for fouling Harden on this ? pic.twitter.com/CJJ5yAM1zG
— ESPN (@espn) May 7, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА