Шпанскиот прволигаш Малага го договори поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Мичел, за нов тренер до крајот на сезоната, откако претходно се раздели со Марсело Ромеро. Тој од утре ќе почне да работи со екипата и ќе седи на клупата на саботниот натпревар против Алавес.
Мичел ќе биде трет тренер на „Росаледа“ оваа сезона. По заминувањето на Хуанде Рамос, задачата ја доби Уругваецот Марсело Ромеро, но и тој издржа само два месеци, па се раздели со раководството по серијата од три последователни порази во Примера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА