Белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на Кристал Палас. Тој се враќа во Премиер – лигата, откако го напушти Челси во потрага по поголема минутажа. Тој како позајмен играч од клубот од „Стемфорд бриџ“ ќе настапува за Кристал Палас, а Челси ќе добие еден милион фунти.
Батшуаи претходно го носеше и дресот на Борусија Дортмунд во Бундес-лигата, а првиот дел од сезоната го мина во Валенсија и настапуваше во Ла Лига. Одигра 15 натпревари за „лилјаците“ и постигна само еден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА