Ефес и стави крај на серијата од десет победи едно по друго на Фенербахче откако на гостински терен славеше со убедливи 74-106. Нандо Де Коло го предводеше домашниот тим со 24 поени и 5 асистенции, додека Јан Весели додаде 18 поени и 6 скока. Српскиот интернационалец, Василије Мичиќ го одигра најдобриот поентерски натпревар во својата кариера откако мечот го заврши со 37 поени и 5 асистенции. Него го следеше Роди Бобуа со 14 поени.
37 points, career high from Vasa! ?? #WhereIStand https://t.co/YvPABw62PF
— Anadolu Efes SK (@AnadoluEfesSK) February 26, 2021
Рутинска победа забележа и Басконија која славеше над Црвена Звезда со 87-67. Јусуфа Фал беше првото име кај домаќините со 20 поени и 6 скока, додека Рокас Гиедраитис додаде 14 поени и 3 скока. Џордан Лојд беше првото име кај белграѓани со 14 поени и 5 скока, додека како двоцифрен со 10 поени натпреварот го заврши и Кори Волден.
Its four in a row for @Baskonia ? pic.twitter.com/e3L4n6jzke
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) February 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА