Вардарци ги продолжуваат подготовките за новата сезона во комплетен состав, откако со екипата која е на подготовки во Маврово тренира и голманот Мигел Еспиња Фереира кој се приклучи откако потпиша договор со „црвено-црните“.
Денови за одмор доби и крилото Марио Стојановски кој настапуваше за репрезентацијата на Македонија на младинското ЕП во Словенија. Како што соопштуваат од поранешниот двократен европски шампион, секојдневно во Маврово ќе се работи на физичката и на техничко-тактичката подготвеност и воигрување на играчите што се приклучија во летниот период.
Во Маврово, вардарци ќе останат до 3. август по што се враќаат во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА