Михаел Шумахер и натаму најбогат возач во историјата на Формула 1

Поранешниот германски Формула 1 возач Михаел Шумахер, кој е неактивен веќе 12 години, и натаму е најбогатиот возач на Формула 1 во историјата, објави реномираниот портал Racingnews 365.

Богатството на седумкратниот светски шампион и еден од најдобрите возчи на Формула 1 на сите времиња се проценува на 671 милиони евра.

Шумахер доживеа сериозна несреќа на 29 декември 2013 година, кога се здоби со сериозни повреди на скијање од кои не се опорави и ден денеска. За неговата состојба има многу малку информации 12 години по овој инцидент.

Во текот на својата кариера од 1991 до 2006 година, и од 2010 до 2012 година, Шумахер оствари 91 победа на трките низ Формула 1. После Шумахер следува Луис Хамилтон, чие богатсво се проценува на 258 милиони евра. Следува Фернандо Алонсо со 224 милиони евра.

Се вчитува...