Најдобриот Ф1 пилот на сите времиња, Михаел Шумахер, ќе мора да замине на нова операција, во обид да се подобри неговата здравствена состојба, открива италијанскиот медиум „Contro Copertina“. Здравјето на Шумахер е мистерија за јавноста откако пред шест години имаше несреќа на Француските Алпи и остана неподвижен. Беа потребни неколку хируршки зафати за да се спаси неговиот живот, а лекарите и понатаму се борат за да застане самостојно на нозе.
Новата операција ќе биде всушност лекување со матични клетки, зафат што Шумахер го имаше и во Париз минатата година.
„Ова е обид да се регенерира нервниот систем. Во изминатите 20 години науката направи неверојатен исчекор, но во целина се уште знаеме многу малку за човечкиот мозок“, изјави д-р Никола Ачиари, со оглед дека поранешниот Ф1 возач боледува и од мускулна атрофија и остеопороза.
Михаел Шумахер се лекува во сопствениот дом во Швајцарија, а Фелипе Маса кој неодамна го посети својот пријател неговата здравствена состојба ја опиша како „сериозно компликувана“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА