Михаел Шумахер првпат во јавност!? На свадбата на неговата ќерка…

Легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер би можел по повеќе од десет години конечно да се појави за првпат во јавноста, информираат за германските медиуми блиски на неговото семејство.

Шумахер, наводно, би можел да се појави на свадбата на неговата ќерка. Многумина се откажаа од можноста било кога Михаел да излезе надвор од својот дом, сепак, би можел да присуствува на свадбата на неговата ќерка која е закажана за летото оваа година.

Џина-Марија Шумахер подготвува свадба со својот избраник Јан Бетке, преку голема прослава во Мајорка каде семејството Шумахер има вила веќе шест години. Претходно се шпекулираше дека семејството Шумахер ќе ја продаде вилата во Мајорка за може да го продолжат финансирањето на грижата за Михаел, но место тоа се одлучија комплетната нега на Михаел да биде токму во Мајорка каде има идеални услови за закрепнување. Токму затоа и одлуката свадбата на неговата ќерка да биде во Мајорка.

Многумина негуваат надежи дека здравствената состојба на Михаел ќе биде доволно добра да може да се појави во јавност.

Се вчитува...