Михаил Димитриевски го засили Силекс

Екипата на Силекс успеа да доведе уште едно квалитетно засилување во своите редови откако денеска потпиша договор со Михаил Димитриевски.

Станува збор за 23-годишен фудбалер кој одлично се снаоѓа по страничните позиции, како во нападот, така и во одбраната, а доаѓа од редовите на Работнички.

„Добредојде во Силекс, Михаил 👋🇲🇰. 23-годишниот Михаил Димитриевски е нов фудбалер на Силекс. Во Кратово доаѓа од редовите на ФК Работнички од Скопје. Димитриевски ги покрива крилните позиции во нападот и одбраната од двете страни, во есенската полусезона настапуваше за ФК Работнички. Во кариерта има настапувано исто така за: Њу Старс, Локомотива, Пехчево и Брегалница. Во Прва МФЛ има досега настапено на 100 натпревари“, објави Силекс.

Кратовци се наоѓаат на подготовки во Анталија, каде вечерва беа посетени од првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Се вчитува...