Екипата на Силекс го реши тренерското прашање за следните две години, со тоа што го продолжи договорот со актуелниот шеф на стручниот штаб Горазд Михаилов.
Михаилов дојде на кормилото на Силекс во 2021 година, и играше во финалето на Купот, каде загуби од Македонија ЃП на пенали. Успеа да го внесе тимот во прволигашката конкуренција, а сезонава неговиот тим заврши на 4. позиција на табелата.
Михаилов беше тренер на Тетекс, Пелистер, Охрид, Напредок и Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА