Се уште траат проблеми во македонската репрезентација и пред продолжението на настапи на Европското првенство поради двата „сомнителни“ ПЦР-тестови во националниот тим.
Примачите Васе Михаилов и Стојан Илиев се во изолација и неизвесни и за натамошните настапи поради, како што информира ЦЕВ, не позитивни но сомнителни тестови на коронавирус!?
Во македонската репрезентација се изненадени од одлуката на ЦЕВ.
„Реагиравме кај ЦЕВ затоа што ова е навистина неразбирливо. Информирани сме само дека нивните резултати од ПЦР-тестови се сомнителни. Сега го чекаме извештајот од второто тестирање за да знаеме. Сепак, тие се во изолација затоа што во авионот со кој сме пристигнале во Тампере на 26. август имало двајца позитивни патници. Ние сега се уште сме во очекување за нив двајцата, а дополнителен проблем е повредата на Маџунков за кој дополнително ќе знаеме тежината на истата“ – истакна синоќа по поразот од Холандија генералниот секретар на Одбојкарската федерација, Зоран Карановиќ.
Следен натпревар на Македонија на Европското првенство 2021 во Финска е дуелот со Турција утре од 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА