Филип Михаилов и Зоран Ивановски се враќаат македонскиот прволигаш АП Брера за пролетниот дел од сезоната.
26 годишниот Михаилов е играч за врска во средината и нападот. Тој во својата кариера освен за клубот од Струмица има играно и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово Кочани а беше дел и од австриски Маршвалд. Во есенскиот дел на првенството Михаилов ги бранеше боите на Тиквеш од Кавадарци каде забележа 14 првенствени настапи.
Со Михаилов доаѓа и Зоран Ивановски кој игра на крилната позиција. И тој е играч кој потекнува од Струмица, а во својата кариера освен за Брера има настапувано и за Беласица, Детонит, Брегалница. Своевремно беше член и на младинските фудбалски репрезентации на Македонија. 24 годишниот Ивановски во Струмица. доаѓа од штипска Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА