Новиот шеф на стручниот штаб на Брера, Горазд Михаилов ги истакна своите очекувања по назначувањето од страна на струмичкиот тим. Михаилов доаѓа во Брера на местото на Бојан Круљ, кој беше сменет по серијата на три порази во ПМФЛ.
Михаилов веќе играше против Брера во првото коло, кога струмичкиот тим славеше триумф и тоа е единствената победа на оваа екипа во овој шампионат. Сега очекува дека Брера ќе ја подобри играта.
„Благодарност до најголемата фудбалска легенда Горан Пандев, и после неколкудневни разговори се нафатив да бидам тренер на Брера. Чест ми е и задоволство. Благодарност до нивната доверба, и верувам дека ќе успееме да ја вратиме екипата на она посакувано место каде што сите очекуваат да бидеме. Ја познавам екипата, затоа што со Вардар гостував тука и загубивме. Екипата е спој на искуство и младост, и тоа треба да го сплотиме и да го ставиме во функција за понатамошниот дел од првенството. Можеме да очекуваме дела ќе дадеме на секој меч максимум, дека ќе се трудиме да ја подобриме играта на Брера, и верувам дека публиката ќе ужива. Познат сум по тоа да форсирам млади играчи и така ќе биде и тука“, изјави Михаилов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА