Довчерашниот предводник на Вардар, Горазд Михаилов утре дебитира на клупата на Брера Струмица во мечот против Беса во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Михаилов по нешто повеќе од една недела работи со струмичкиот прволигаш верува дека направени се позитивни промени кои може да донесат нов дух во тимот, како би се прекинала резултатската криза.
„По седум-осум дена со екипата, веќе имам слика за ситуацијата иако јас го познавав тимот и уште пред да дојдам. Нормално дека ќе има измени во интерес на посакуваната цел, а тоа се трите бода против Беса. Нема да биде лесно, играме против една екипа која има доста квалитетни играчи. Имаат тренер кој бил тука во минатото и ја познава средината, а фудбалерите освојувале титули и ја познаваат лигата“ – вели Михаилов и дополнува:
„Сите се максимално мотивирани, па верувам кој и да истрча на теренот ќе го даде максимум. Со поддршка од публиката посакуваме да дојдеме до бодовите кои многу би ни значеле во понатамошниот дел од првенството“.
Брера веќе има три едноподруго порази во првенството, откако го победи само Вардар во првото коло од новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА