Претседателот на РК Вардар, Михајло Михајловски на почетокот на сезоната ги собра ракометарите на „црвено-црните“ на вечера во еден од култните ресторани во главниот град „Џино“. Амбициите на новиот Вардар во сезоната ќе бида учество меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите и пласман на фајнал-фор турнирот во СЕХА лигата и дека тимот ќе продолжи со одличните резултати кои ги имаше минатите сезони.
Тренерот Алушовски веќе го одржа првиот собир со новите членови, а „црвено-црните“ својата кампања во Лигата на шампионите ја почнуваат 16. септември на гостински терен со Мешков Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА