Михајло Милосавиќ е ново засилување во ФК Вардар

Михајло Милосавиќ е ново засилување во екипата на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Тој доаѓа од српскиот претставник во групната фаза на Лига Европа, екипата на ТСЦ Бачка Топола. Во младинските категории бил дел од најголемите српски клубови Војводина, Партизан и Црвена звезда.

Милосавиќ има 19 години, игра во средниот ред и е актуелен репрезентативец на Србија во селекцијата до 19 години.

 

Се вчитува...