Михајло Мудрик го чека долга суспензија

Фудбалерот на Челси и украински репрезентативец Михаило Мудрик е официјално обвинет за кршење на антидопинг правилата, соопшти денеска Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Уште во декември минатата година, Мудрик беше привремено суспендиран откако рутинскиот тест на урина откри присуство на забранета супстанција. Тогаш тој изјави дека е „во целосен шок“ и дека „никогаш свесно не користел незаконски средства“.

Тој нема одиграно ниту еден натпревар за Челси од 28 ноември минатата година. Во последното соопштение објавено денеска, ФА го потврди обвинението.

„Можеме да потврдиме дека Михајло Мудрик е обвинет за прекршување на антидопинг правилата поврзани со присуство и/или употреба на забранета супстанција, во согласност со правилата 3 и 4 од Антидопинг прописите на ФА“, се вели во соопштението.

Бидејќи постапката е во тек, од ФА велат дека засега не можат да дадат дополнителни коментари.

Се вчитува...