Михајловиќ би бил горд: Неговиот син во стручниот штаб на Болоња

Легендата на српскиот фудбал, Синиша Михајловиќ остави силна трага во редовите на Болоња, тимот кој го предводеше во два наврати, и негов последен пред да почине по борбата со леукемијата.

Сега, има наследник токму во редовите на Болоња каде можност доби неговиот син Мирослав Михајловиќ кој официјално е именуван за член на стручниот штаб на младинските категории на тимот.

24-годишниот Мирослав ќе ја води екипата до 15 години на Болоња, тргнувајќи по татковите стапки во тренерската работа. Пред една година официјално ја доби и УЕФА Ц-лиценцата за тренер со млади категории.

Првиот меч во својство на тренер каде ќе му помага на Диого Силва ќе му биде против екипата на Специја.

Се вчитува...