Поранешниот југословенски репрезентативец и српски селектор последните неколку недели ги мина во болница, но го исполни ветувањето дека ќе ја води Болоња на првиот меч од новата сезона. Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ за првпат го предводеше тимот откако повторно му беше дијагностицирана леукемија.
По триумфот над Козенца во Купот на Италија (1-0) изјави дека сега е подобар и дека неговата состојба секојдневно се подобрува.
„Сега сум добро. Од ден на ден станувам подобар. Го исполнив моето ветување, ја победив болеста и се вратив. Толку многу ја сакам оваа работа што заборавам на се кога сум покрај теренот“, изјавил Михајловиќ.
Напаѓачот на Болоња и австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ се споменува како ново засилување на Манчестер Јунајтед, па медиумите во Италија се интересираа за ставот на Михајловиќ на оваа тема.
Bologna riabbraccia Sinisa Mihajlovic #Bologna #Cosenza #Mihajlovic pic.twitter.com/oQIokSNfmp
— Francesco Livorti (@FrancescoLivo_) August 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА