Михајловиќ го тужи Спортинг Лисабон

Синиша Михајловиќ објави дека поднел тужба против Спортинг Лисабон откако португалскиот клуб летово потпиша договор со него, па го раскина само девет дена подоцна. Хаосот што владееше во Спортинг придонесе претседателот Бруно де Карвалјо да потпише договор со Михајловиќ, но само неколку дена подоцна тој беше сменет од функцијата, за новиот предводник Соуса Цинтра да ја поништи таа одлука.

Ја прифатива работата со огромен ентузијазам, уште поголем од вообичаено бидејќи требаше да заминам во нова престижна лига.  Преговорите беа долги, дискутиравме за трансфер-стратегијата, како и за различни солуции доколку некои играчи останат или си заминат. Никогаш не ни помислував дека на почетокот на август нема да бидам во Лисабон, јасно е дека моите права се прекршени и затоа правдата ја барам во Спортскиот суд во Лозана“ – изјави Михајловиќ.

Се вчитува...