Торино денеска и гостува на Болоња во Серија А, а тренерот на „биковите“ Синиша Михајловиќ уште еднаш не го зема аргентинскиот напаѓач Макси Лопез во составот. Тоа го оправда на навистина интересен начин.
„Макси Лопез не може да игра во овој момент. Тој мора да ослаби, затоа и се повредува многу често. Не може да ги издржи ниту тренинзите на тимот, затоа што има машина за перење на грбот. Треба да биде лут на себе, а не да негодува бидејќи не е во тимот. Макси Лопез веќе не е истиот играч што го тренирав во Катанија и во Сампдорија“, образложи Синиша Михајловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА