Михајловиќ се врати на клупата на Болоња

Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, се врати на клупата на Болоња и тоа со победа. Неговиот тим успеа да триумфира во Купот против Козенца со 1-0.

Михајловиќ ја водеше Болоња првпат откако повторно му е дијагностицирана леукемија, но даде ветување дека ќе се врати. Доби и овации од публиката.

Михајловиќ почна да се опоравува во 2019 година после трансплантација на коскената срж. Болеста му се врати оваа година и беше принуден да оди на ново лекување.

Се вчитува...