Реномираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ направи листа на 10 најдобри изведувачи на слободни удари на сите времиња, а на неа се најде и легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ.
Поранешниот ас на Црвена звезда, Лацио и Интер ќе остане запаметен по феноменалната лева нога и „бомбите“ од слободни удари, кои во неговиот случај беа „половина гол“, поради што се најде на високата трета позиција.
Пред Михајловиќ на второто место се најде Роналд Куман, екс холандскиот репрезентативец и сегашен селектор на Холандија, додека на првото место се најде легендарниот Жунињо Пернамбукано, екс играч на Лион.
Зад Михајловиќ се најдоа Зико, Меси, Марадона, Дел Пјеро, Бекам и Роналдињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА