На денешната прес-конференција на Вардар претседателот на клубот, Михајло Михајловски го претстави новиот тренер на тимот, Веселин Вујовиќ и се осврна кон иднината сезона, но и проблемите со кои се соочи клубот по заминувањето на Сергеј Самсоненко.
Михајловски го превзема клубот од Русинот со цел гордоста на македонскиот ракомет да продолжи да живее, а како што вели доколку не го напраел истото, клубот ќе згаснел.
„Самсоненко мораше да го напушти клубот и доколку јас не се нафатев клубот ке згаснеше. Во договор со државни институции се договоривме да го преземам клубот и да направиме што е можно максимално за целата сезона, во договор со Алушовски успеавме да оформиме екипа. Имавме четири цели за кои ќе се добијат бонуси. Топ 8 во Европа, финале во СЕХА и освојување на двојна титула во Македонија“, изјави претседателот на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА