Михајловски: Државата и градот ми дадоа празни ветувања, сам никогаш немаше да се нафатам…

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, ги прозва државните и градските челници, чии неисполнети ветувања придонесоа „црвено-црните“ да бидат исклучени од елитното европско натпреварување.

Тој имаше пофални зборови за екс-газдата Сергеј Самсоненко, но се пожали на недоволен слух од државните институции, за непокривање на старите долгови што требаше да бидат сервисирани за „црвено-црните“ да можат да продолжат да се натпреваруваат во Лигата на Шампионите.

„Прво, сакам да искажам голема почит за работата на Сергеј Самсоненко, кој во своите пет години водење на Вардар стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, не сакам да навлегувам во тоа, но јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Знаевме што е цел за екипата, нешто да се постигне, да влеземе во Топ 16 во Европа, да освојуваме трофеи во мак-ракометот и да играме финале во СЕХА-лигата. Доведовме играчи кои беа достапни, но јас сето ова го направив во договор со највисоки владини, градски и држани институции. Јас никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку можам да обезбедам. Свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, најпрвин пандемија, па енергетска и економска криза, сега и војната во Украина, имам делумно опраавдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило. Добив помош – НУЛА. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест, она што го ветија да го реализираат. Затоа, имам огромна благодарност до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, спонзорите што беа крај нас во овие тешки моменти“, изјави Михајловски.

Се вчитува...