Михајловски најави оставка: Со тешко срце ќе се повлечам, но нема да го оставам Вардар на цедило

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, обелодени дека е подготвен да се повлече од својата функција во најблиска иднина. Сепак, тој најави дека тоа ќе го стори откако клубот ќе застане на здрави нозе и ќе ги подмири долговите поради кои беше исклучен од Лигата на ШАмпионите.

„Со тешко срце сакам да кажам нешто, и пред да се случи ова со ЕХФ, правев некоја лична замисла – да се спаси Вардар и да се повлечам од клубот, бидејќи имам 75 години и веќе имам премногу бизниси. Јас и на играчите на состанокот им кажав дека јас ќе најавам оставка, но нема да го оставам така клубот, сакам првенствено долговите да ги исчистиме во наредните два три месеци, со изјава на сите играчи дека се исплатени и дека немаат никакви побарувања од Вардар. Моја желба е Вардар да биде стабилен, да се расчисти со стариот клуб и да се привлечат нови спонзори со кои повторно ќе бидеме онаму каде што припаѓаме“, истакна Михајловски.

Се вчитува...