Ракометниот клуб Вардар денеска одржа прес-конференција на која покрај промоцијата на новите дресови се говореше на повеќе теми во пресрет на новата сезона, а една од нив беше и враќање на најверните навивачи на „црвено-црните“ на трибините.
Имено, Вардар за мечот од четвртфиналето од СЕХА лигата против ППД Загреб ќе ги отвори вратите за илјада навивачи, но истите ќе можат да го проследат дуелот под одредени услови.
„За мечот против ППД Загреб ги отвараме вратите за навивачите, но само во капацитет од 1000 гледачи. Влезот ќе биде бесплатен, но само со приложување на лична карта и сертификат за примена прва доза од вакцината против корона вирусот или потврда за прележан вирус не постара од 45 дена“ – истакна Михајловски притоа упатувајќи порака во што поголем број да се вакцинираат навивачите на клубот за да би имале можност да го следат во живо својот миленик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА