Михајловски: Пик Сегед ќе сфати колку му недостасува СЕХА кога ќе биде елиминиран од Вардар во ЛШ

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

По два критериума ќе бидат формирани групите од по шест екипи во новиот формат на СЕХА лигата од следната сезона, најавуваат од регионалното натпреварување. Ова значи дека во првата фаза од натпреварувањето нема да има пресметка меѓу македонските претставници, Вардар и Металург.

„Две екипи од иста држава не може во иста група, а врз основа на досегашните резултати ќе се обидеме да нивелираме и по квалитет, ќе направиме две квалитативно идентични групи. По завршувањето на регуларниот дел ќе има вкрстување за пласман, а потоа ќе има Ф4 турнир“ – изјави претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски, на завршната прес конференција која се одржа на последниот ден од Ф4 турнирот во Брест.

Враќањето на Веспрем во лигата не го повлекува и учеството на Пик Сегед, напротив.

„Пик Сегед ќе види колку му недостасува СЕХА лигата сега кога ќе биде елиминиран од Вардар во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Со Пик Сегед преговаравме, но нивниот тренер повеќе сака да победува со 20 разлика во унгарското прнвество отколку да игра израмнети натпревари во СЕХА, затоа овој тим нема шанси да игра во нашето натпреварување“ – рече Михајловски.

СЕХА е во преговори и со словенечкиот Целје кој ако формира доволно квалитетен состав за во сите натпреварувања би се вратил во регионалниот шампионат. Горење не е кандидат за повторно учество во лигата.

 

Се вчитува...