Михајловски се избори за најмалку бронза на Светското првенство во кикбокс (ФОТО)

Македонија има, најмалку уште една бронза на Светското првенство во кикбокс кое се одржува во Абу Даби, ОАЕ, откако Стефан Михајловски триумфираше во четвртфиналната борба и се пласираше во полуфиналето во својата категорија, со што обезбеди најмалку бронзен медал.

Михајловски, во дисциплината Кик Лајт во категоријата до 94 килограми, со прекин и 3-0 го победи египетскиот натпреварувач Мостафа Јахија Мохамед Саад, па се најде меѓу четворицата најдобри во својата категорија.

Стефан Михајловски

Нелсон Узеир, пак, и покрај одличната борба, во четвртфиналето, загуби само за еден бод од Кулис Рикардас од Литванија.

Нелсон Узеир

Исто така и Климент Гроздановски доживеа пораз од Франческо Иконанџело од Италија. Борбата ја загуби поради добивање на два поена синус по судиска одлука, но очигледно беше дека е оштетен од судиите.

Климент Гроздановски

За денеска останува Силвио Мировски да се бори во четвртфиналето против Павел Конјечни од Полска, во дисциплината Лоу Кик во категоријата до 71 килограм. Со победа, Мировски исто така ќе обезбеди најмалку бронзен медал од Светското првенство.

Се вчитува...