Мијатовиќ: Модриќ е многу мудар, Анчелоти треба да замине од Реал по крајот на сезонава

Лука Модриќ е фудбалски волшебник и некој кој заслужува огромна почит за се што направи во досегашната кариера Започна со тоа што Динамо Загреб го позајми во Зрињски Мостар за да се пронајде себе си, а сега е еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, некој кој ја има официјалната награда за најдобар играч во светот и шест титули во Лигата на шампионите.

И се уште го држи желбата за фудбалот. Неговиот договор со Реал истекува на лето, но тој не размислува да престане да игра фудбал на највисоко ниво. Тој планира да ја продолжи соработката, иако одамна е „преселен“ во Саудиска Арабија или во САД, па дури и во Загреб. Но, Лука се уште сака да игра за трофеи во најсилните европски лиги и да биде конкурентен во Лигата на шампионите. Затоа сака да остане во Мадрид.

Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ најдобро ја објасни страста на Лука по најновата негова изјава дека сака да остане во Мадрид.

„Тој мудро ја прифати споредната улога во Реал. Дури е подготвен да плати за да остане уште една година“ – вели Мијатовиќ, во разговор за шпанските медиуми, притоа откривајќи го и своето мислење околу тоа кој е подобар од двоецот Мбапе – Винисиус.

„Повеќе ми се допаѓа Мбапе. Тој е различен играч, покомплетен. Тој има многу подобра способност да постигнува голови од Винисиус. Ако треба да изберам, тоа е Мбапе“.

Во врска со наводниот интерес од Саудиска Арабија за Винисиус…

„Тоа не би било предавство. Ако некој плати милијарда евра и Вини реши да замине, тоа може малку да ви пречи, но тоа е разбирливо. Секој може да замине и Реал ќе продолжи да победува. Нема никаков проблем околу тоа“.

Поранешниот играч и спортски директор на Реал Мадрид изјави и дека Карло Анчелоти треба да го напушти кралскиот клуб на крајот на сезоната.

„Мислам дека, без разлика како ќе заврши оваа сезона, Анчелоти треба да го напушти Реал Мадрид. Анчелоти е тука предолго и освои многу титули. Сега нема што повеќе да се придонесе, ништо ново, ништо револуционерно“ – вели Мијатовиќ, кој дополнува дека Реал Мадрид мора да размислува за нов тренер и дека Чаби Алонсо е нивната главна опција.

„Флорентино Перез треба да донесе одлука да избере друго решение како тренер. И, ако може да биде Чаби Алонсо, тој секако треба да биде опцијата број еден“ – истакнува Предраг Мијатовиќ.

Се вчитува...