Мијатовиќ: На Реал му одговара тоа што Барселона се засилува

Легендарниот црногорски фудбалер, Предраг Мијатовиќ ги коментираше последните случувања на трансфер пазарот во фудбалска Европа.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, смета дека „кралскиот клуб“ и понатаму има подобар тим од Барселона, иако Каталонците и тоа како се засилија во преодниот рок.

„Барселона по тешката мината сезона одлучи да се засили. Дојдоа неколку искусни проверени играчи. Сега лигата ќе биде посилна. Да видиме како се тоа ќе изгледа кога ќе почне сезоната, но засилување на главниот ривал е одлично за Реал Мадрид, бидејќи нема да ви дозволат да се опуштите“, изјави Мијатовиќ. 

Се вчитува...