Црвена Звезда денеска го прославува својот 80. роденден, а меѓу специјалните гости неочекувано за голем дел од српската јавност се најде и Предраг Мијатовиќ, играчката легенда на Партизан кој од неодамна е член и на новата управа на „црно-белите“.
„Мислам дека не треба луѓето да се чудат, тоа е сосема нормално, од првиот ден кога се вратив во Партизан потенцирав дека сакаме да градиме нормални односи со големиот ривал. Нормално е да се дојде на една ваква прослава, се надевам дека и делегација на Црвена Звезда ќе дојде на нашиот роденден во октомври. Тоа е многу важно, за сите, за фудбалот во целина“, изјави Мијатовиќ.
Потоа, тој ги насмеа присутните со одговорот на прашањето каква е неговата роденденска желба за „црвено-белите“.
„Како најголем ривал би им посакал… да не бидат толку успешни, а Партизан да го земе приматот во српскиот фудбал во следните десетина години…. Шегата на страна, од срце им честитам на се што направија. Ние градиме еден нов Партизан, амбициозна сме и мислам дека нема да мине многу време за Партизан повторно да биде она што претставуваше во минатото“, прокоментира Предраг Мијатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

