Мијатовиќ: Пак морам да го молам Вучиќ да го спасиме Партизан

Огромна е финансиската криза во ФК Партизан откако „црно-белите“ повторно добија блокада од УЕФА и ќе мора што поскоро да најдат 2,2 милиони евра.

Кошаркарскиот клуб објави дека сите приходи од влезниците од денешниот меч со Олимпијакос ќе бидат префрлени на сметката на фудбалскиот клуб, но и тоа е премалку за да се пополни големата дупка во буџетот. За кревање на забраната за трансфери неопходно е да се покрие долгот кон поранешниот фудбалер Патрик Андраде во висина од 1,6 милиони евра, а Предраг Мијатовиќ не крие дека последна шанса ќе биде – молење за помош од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Денеска е мојот најтежок ден откако сум во Партизан. Нема друго решение, постои само еденн излез – пак да го молам претседателот на државата да го спасиме Партизан. Уште два милиони, па уште два, па нови два… и стигнавме до 22 милиони евра. На овој Партизан само Вучиќ може да му помогне. Не знам дали и сега ќе биде во можност да помогне, но јас дефинитивно ќе морам да му се јавам и да го молам“, истакна Мијатовиќ.

Се вчитува...